Јапонската принцеза заради љубов се откажа од нејзината титула

0

Јапонската принцеза Мако заради љубов се откажа од својот империски статус.

Од кралскиот двор во Јапонија известија дека во тек се припремите за свадбата на внуката на кралот Акихита, со нејзиниот вереник, Киј Комуроа, млад адвокат кој досега само еднаш се има појавено во јавноста и тоа во рекламна кампања за туристичка агенција како “принц на морето”. Јапонската телевизиска куќа изјави дека идните младенци се запознале уште пред пет години, како студенти во Токио.

Тоа што принцезата има намера да се омажи со обичен граѓанин, според кралскиот закон во Јапонија стар стотици години, значи само едно – таа ќе мора да се откаже од својата титула. Истото тоа го има направено и нејзината тетка Сајако, единствена ќерка на денешниот цар, која во 2005 година се омажи за Јошикиј Куроду во Јапонија.

Кралското семејство моментално брои 19 членови, од кои 14 се жени. Според кралскиот закон престолот се наследува само по машка линија. Тоа го намалува изборот на само тројца принцови кои се престолонаследници, принцот Нархуити, неговиот помлад брат Акишина и неговиот син Хисахита. Што се однесува до принцезите во кралското семејство, немажени се само шест и како што се чини никоја од нив не е посебно заинтересирана да го помине животот во „оковите“ на титулата. Таквиот однос може наскоро да доведе до намалување на членови во кралското семејство.

Од друга страна 83- годишниот крал, Акихита изјави дека е загрижен за неговото здравје и дека здравствената сосотојба влијае врз вршење на должноста. Тој денес е единствениот крал на светот, 125ти по ред кој ја наследил кралската титула во Јапонија по првиот крал Јиммуа. Проблемот е во тоа што кралскиот закон не му дозволува да абдицира, односно, еднаш крал, доживотно крал.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.