James Zabiela – главна ѕвезда на GREEN BEACH FESTIVAL во Охрид

0

Големиот фестивал на електронска музика GREEN BEACH FESTIVAL и годинава ќе ги пречека илјадниците фанови желни за незаборавна забава со врвните светски диџеи на брегот на плажата Парк во Охрид. Седмото издание на фестивалот ќе се одржува два дена и со повеќе светски етаблирани артисти кои покрај претставниците на домашната електронска музичка сцена ќе ја предводат програмата на 30 и 31 јули.

Познати се и првите изведувачи од светската музичка сцена кои го потврдија својот настап на Green Beach Festival!

На 30 јули, сабота ќе настапуваат:

главната ѕвезда на фестивалот, James Zabiela – виртуoзот зад диџеј пултот и технички ненадминливиот англиски диџеј и продуцент.

Black Coffee – Најбараната јужноафриканска суперѕвезда и aпсолутниот феномен на современата електронска сцена.

На 31 јули, недела:

Dubfire – најпопуларната техно сензација, артистот кој секогаш ги поместува стандардите за врвно музичко доживување ширум светот;

Âme (DJ set) – најпопуларниот германски проект кој ги освои светските подиуми со својата неприкосновена музичка продукција.

Потврдени се и настапите на домашните диџеи: Lephonq, Tomi Bojadzi, Mirko Popov. Maci Stojanovic.

GREEN BEACH FESTIVAL е во организација Password Production и Octopussy Entertainment.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар