Јајцето на Фаберже

0

Јајцето на Фаберже е украсено јајце од големата колекција на јајца, која брои околу 50 (и уште два незавршени примероци), кој што го направил рускиот јувелир Карл Петар Фаберже за руските цареви во периодот од 1885 до 1917 година.Вниманието од страна на руското царско семејство Романови и покасно светската слава Фаберже ја постигнал на една изложба во Москва 1882год. за која со помош на неговиот брат Агатон изработиле уникатно парче накит. Царот и царицата за таа оригинална колекција му доделиле златен медал, со што започнува неговата кариера во изработка на уникатен накит и е поставен за дворски јувелир.

Јајцата се изработени од скапоцени метали како злато, сребро, бакар, паладиум и така готови се украсувани со скапоцени камења како дијаманти, сафири, рубини, смарагди. Јајцата се полни со најразлични изненадувања: медалјон, коњаник, штафелај, воз, лебед, петел, срце, кочија и многу други.

За основата на јајцата е користен природен камен: јаспис, родонит, ахат, кварц и нефрит. При нивната преработка биле користени и различни бои, секој камен бил посебно печен од кои Фаберже успеал да создаде 140 различни нијанси. За дизајнот на јајцата бил инспириран од самите дела во Ермитаж и важни моменти од историјата на царското семејство, како што се крунисувањето на царот Николај, завршувањето на трансибирската железница, како и брачните годишнини.

images (1)                       images (4)

Првото јајце рускиот цар Александар III и го подарил на својата царица Марија Фјодоровна за Велигден во 1885г. Подарокот толку многу и се допаднал што царот продолжил да и подарува за секој празник и тоа станало традиција, која ја продолжил и нивниот син Николај II.

Петар Карл Фаберже работата ја поделил во неколку специјализирани работилници каде двајца задолжени мајстори за изработка на јајцата биле Михајло Перцин и Хенрих Вингштерм. Денес постојат 44 украсени јајца, а 2 ги има само на фотографии. Освен царските постојат уште 12 украсени јајца изработени за Александар Клех, сопственик на рудник за злато.

Автор:Марија Анѓелевска

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот