Јајцата и месото не се единствените производи богати со протеини

0

Кога ќе се спомене потреба од протеини, покрај месото, многумина веднаш помислуваат на јајцата. И нема грешка тука. Но, постојат намирници кои се богати со протеини, а за кои не сме знаеле.

Сува спирулина

Рибата не е единствениот жител на морето кој содржи протеини. Само две лажици од морските алги содржат дури 8 грама протеин и 40 калории. Спирулината можете да ја јадете заедно со салата или пак со печен зеленчук.

Печена соја

Една четвртина од шолјата наполнета со соја содржи 15 грама протеин, а богата е исто така со влакна и калиум.

Грчки јогурт

Кога станува збор за протеини, една порција немасен грчки јогурт содржи 17 грама протеини и 100 калории.

Сирење Гриер

Само 30 грама од ова тврдо швајцарско сирење има повеќе од 8 грама протеини. Но, доколку сакате да водимте сметка за килограмите, земете предвид дека во 30 грама сирење има дури 117 калории.

Суви семки од тиква

Семките од тиква се познати како богат извор на магнезиум, но само една четвртина шолја со овие семки содржи 10 грама протеин.

Ова е само доказ дека нема потреба да се држите само до месо и јајца, туку можете да ја проширите палетата на намирници кои ги користите во исхраната.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.