Јадете чипс за подобро расположение

0

Дали сте забележале дека по јадење на чипс или помфрит се чувствувате многу порасположени?

Интересно истражување на британски научници вели дека чипсот и промфритот може да влијаат на расположението кај човекот.

Во експериментот учествуваа научници од Бирминген и 60 испитанци.
На сите испитаници им бил прикажан филм со војна и нуклеарни експлозии , а потоа биле поделени на 2 групи.
Првата група била третирана со помфрит и чипс додека втората добила само лесен обрток.
По јадењето, двете групи поминале низ тестирање со кое стручните лица го утврдиле нивното расположение.

Се испоставило дека испитаниците кои конзумирале помфрит и чипс се многу повеќе расположени за разлика од оние кои добиле лесен оброк.

Стручните лица овој резултат го објаснуваат потенцирајќи дека брзата храна содржи повеќе јагрехидрати кои значително го подобруваат расположението кај луѓето.
Не е препорачливо да се претерува со брза храна, но доколку се чувствувате навистина лошо подобрете го расположението со малку чипс.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.