Изворска – Извор на креативноста, креативни работилници за деца

0

Повеќе од 1000 дечиња од основните училишта низ 8 градови низ Македонија ќе бидат опфатени со проектот „Изворска – извор на креативноста“ во организација на Маркетинг агенцијата „Маркетинг микс“.

Проектот има за цел да влијае на подигање на свеста кај најмладите за редовно консумирање на чиста вода, а едукацијата ќе се врши на интерактивен и креативен начин, преку реализација на креативни работилници за работа со полимерна глина.

Преку овие работилници дечињата не само што ќе се едуцираат за важноста на водата за човечкиот организам, туку ќе ја развиваат и детската креативност, моторичките  и ликовните вештини.

Овој проект предвидува и дополнителна мотивација за сите млади на возраст од 7 до 15 години кои се креативни и го негуваат здравиот начин на живеење.

Направете креативна фотографија со шише природна изворска вода „Изворска“ и испратете ја во инбокс на фан страницата „Изворска – извор на креативноста“.

Првите три фотографии кои ќе добијат најголем број лајкови од страна на Фејсбук публиката ќе добијат велосипед, ролерки и скејтборд.

Поттикнување на креативноста и креативните вештини кај децата е една од основните задачи на секој едукативен систем. Овој проект нуди можност да се научи нешто ново што ќе ја стимулира детската фантазија, ќе ги научи дечињата да совладаат нова техника на креативно и ликовно изразување, а притоа на забавен и креативен начин ќе се едуцираат за тоа како да го одржат своето добро здравје преку стекнување здрави животни навики.

Маркетинг агенцијата „Маркетинг микс“ досега организираше повеќе едукативни проекти помеѓу младата популација, а овој проект е поддржан од компанијата „Кожувчанка“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот