ИЗВОНРЕДНИОТ TOM ODELL ВО СКОПЈЕ!

0

Иако до крајот на календарската 2018 година има уште минимум десет проекти, светската музичка индустрија не може и не сака да чека!

Авалон продукција го најавува првото светско име за 2019-та година- суперквалитетниот TOM ODELL доаѓа во Скопје, на 13- ти февруари 2019 година во СРЦ Кале.

Извонредниот млад кантавтор кој стана светски популарен со песната „Another Love“, во рамки на својата светска промотивна турнеја на втoриот албум насловен „Jubilee Road“ што излегува на 12 октомври, доаѓа во Скопје да испорача едно типично суперквалитетно британско шоу.

Сите детали околу влезниците ќе бидат објавени утревечер во 21 часот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.