Извонреден резултат на “Брејк а лег” во Сараево

0

Танчарите од Студио Брејк а Лег постигнаа  извонреден резултат на меѓународниот танцов натпревар InterDanceFEST во Сараево (21.04.2017-24.04.2017).  Во конкуренција на над 2500 танчери од 12 земји , танчерите ги постигнаа следните резултати.

Еден- Два победа во категоријата хипхоп Формации јуниори, а овој неверојатен резултат го повторија  и во категоријата ХипХоп групи , во конкуренција на 12 екипи. Со овој успех јуниорската репрезентација ја оправдаа титулата Светски Вицешампиони во Хипхоп во 2016та година.

-1во место во Јуниори соло на Исидора Андреевска од вкупно 112 натпреварувачи , додека -Мила Неделкова успеа да избори пласман во големото финале.

-1во место за Мила Србиноска од 35 танчери во детска категорија, а Ума Муминовиќ заврши на високото 5то место.

-1во место дуо за Ивана Стојановска и Ана Стевковска од вкупно 21 дуо.

-2ро место од вкупно 20 во конкуренција сениори за Stefani Ardzelieva ,

Од останатите резултати 1во место формација деца 1 , 2ро место група деца 2 , 1во место за Бенџамин Џафери и 3то за Филип Пашоски во категоријата хипхоп соло машки  и уште многу високопласирани наши танчери во останатите категории!!!

Уживајте во фотографиите.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.