Извадете ја шминката пред спиење, лицето ќе ви биде благодарно

0

Колку пати сте слушнале дека мора да ја извадите шминката пред да си легнете? Колку пати сте го игнорирале овој совет?

Ако си легнете нашминкани ѝ наштетувате на својата кожа – ова ќе ви го каже секој дерматолог. А ноќта е најважна за кожата бидејќи во тоа време таа се обновува, но шминката го оневозможува тој процес и ја оштетува кожата.

Не бидете мрзливи, не ѝ наштетувајте на кожата само затоа што ви се спие премногу и мислите дека тие неколку минути ќе направат разлика.

Пудрата може да ја оштети вашата кожа ако ја ставате наутро и ја носите во текот на целиот ден, а потоа заборавате да ја извадите навечер. Целата прашина и загадувачите насобрани во текот на денот се задржуваат на вашата кожа, а потоа, сосема свесно, ги оставате на лицето и во текот на ноќта.

Можеби мислите дека нема никаква штета маскарата да ја оставите да ви стои и во текот на ноќта, посебно што некои девојки велат дека трепките им изгледаат поубаво наутро. Но, поверојатно е дека ги мрзи да го направат тоа. Честичките од маскарата ги иритираат очите во текот на ноќта, а тоа може да предизвика инфекција или развој на конјуктивитис. Дополнително, ако маскарата ви остане на очите, трепките ќе ви станат крути, па ќе почнат да се кршат, да паѓаат и да се ретчат.

Сенката за очи не ѝ дозволува на кожата на очните капаци да дише, исто како и карминот кој ја суши устата.

Да, знаете дека е лошо да спиете со шминка на лицето. И да, знаете дека се потребни само неколку минути за да ја извадите. Тогаш не чекајте. Ова нека ви биде вечерна рутина. Исто како миењето заби, на пример.

А откако убаво ќе ја извадите шминката, исчистете го лицето со течен сапун за лице и нанесете лосион кој ќе ја направи кожата поубава, помека и понежна. Clinique го има најдобриот сет производи за оваа намена и за секој тип кожа, Clinique 3 in 1.

Ако создадете навики во младоста, тие ќе ви останат до крајот на животот. Верувајте, вашето лице ќе го цени тоа.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот