Израснете креативни деца, а не амбициозни роботи

0

Под поимот ”креативност” многу луѓе веднаш подразбираат танц, музика, уметност, глума или други таленти и способности. Креативноста е всушност многу повеќе од тоа, дел од секојдневниот живот.

Да не постоеше креативноста, многу луѓе не би биле во можност да го постигнат успехот кој успеале да го постигнат. Да не постоеше креативноста сите ние би биле заглавени во ”рамна линија”, без напредок и социјален просперитет. Во креативноста се наоѓа клучот за иднината и скалите кои водат до успехот.

Точно е дека креативноста е дел од создавањето на музика, уметност, како и на се што се наоѓа околу нас. Начинот на којшто овие реченици се напишани, распоредот на просторијата во која моментално се наоѓате, дизајнот на вашиот лаптоп или таблет и речиси се што се наоѓа во околината.

Детето кое покажува изразени знаци на креативно размислување и голем потенцијал за успех, треба да се поттикне да ја развие таа способност, наместо да се насочува само кон амбиција за постигнување на одредена цел.

Целта е крајната дестинација, додека патот до неа е поплочен со многу одлуки и потези кои без креативноста би биле невозможни. Без креативност не може да се создаде нешто ново, а креативноста не е нешто што може да се форсира. Вистинската идеја не доаѓа кога упорно се трудиме да размислуваме за неа.

Опшеството ги претвора малите генијални, креативни умови во роботи кои треба да следат правила и да не размислуваат надвор од кутијата. Како мали птици во кафез, лишени од слободата на размислување и создавање.

Наместо на малото дете да му покажете како треба да изгледа замокот кој го гради од песок со кофи на плажа, оставете да го измисли. Оставете го да создаде, колку и необична и нелогична таа креација ви изгледа вам.

Токму правилата на кои не учат од рана возраст се причина за ”гушење” на креативноста. Правила кои ја ограничуваат личната слобода за изразување, уникатните мисли и идеи – делот кој треба да го развијат и искористат.

Дозволете им на децата да ги развијат сопствените вредности наместо да им ги наметнувате своите. Оставете ги да го откријат светот, умствено да отпатуваат во неоткриени предели, да се запознаат себеси во вистинскиот сјај.

Покрај тоа што правилата се создадени со причина за едно опшество да може нормално да функционира, постојат правила кои нема да му наштетат на светот доколку се прекршат.

Ако забележите дека вашето дете има изразена интелигенција и способност за решавање на математички проблем, не го притискајте да се насочи кон природно-математички науки. Способноста која ја поседува може да се искористи на толку многу начини, а граници не постојат. Оставете го детето самостојно да го најде својот пат, но во меѓувреме бидете му незаменлива поддршка и сопатник.

Не можете да го програмирате детето да биде креативно на одреден начин, во било кое време и на едно, одредено поле. Ако детето е форсирано да биде успешно во нешто, ќе се претвори во амбициозен робот кој нема да размислува многу за личен развој и напредок и ќе се ограничи само на поставените цели.

Како што рекол Ајнштајн: Љубовта е подобар учител од чувството за должност.“ -затоа најдоброто нешто што можете да го направите за вашето дете е да го оставите да го пронајде она што го сака и да го мотивирате да не го фрли својот потенцијал во вода.

Подготви: Маја Здравеска

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.