Изненадување на годината: Боб Дилан доби Нобелова награда за книжевност

0

Во објаснувањето кое следеше по одлуката музичарот Боб Дилан да добие Нобелова награда за книжевност стоело дека Дилан, создал нови поетски изрази…

Образложението за наградата гласи: “Создал нови поетски изрази и ги вклопил во американската традиционална книжевност“.

Боб Дилан, односно Роберт Ален Зимерман е роден во Минесота 24 мај 1941 година.

Тој е еден од најголемите кантавтори на 20 век. Во своите песни често изразува револт и бунт кон политиката и воопшто општеството, како и проблемите во религијата и секако љубовта.

Најпознати негови песни се Blowin’ in The Wind, The Times They Are A-Changin’, Like a Rolling Stone, Just Like A Woman, All Along the Watchtower, Lay Lady Lay.


Нобеловата награда за книжевност ја доделува Ѓведската академија, а добитникот се здобива со парична награда, диплома и медал. Медалот е дизајниран од шведскиот уметник Ерик Линдберг и претставува музичар кој седи под стебло од ловор и ја слуша и запишува песната Муза.

На неа се изгравирани зборовите: Inventas vitam juvat excoluisse per artes (Оние кои со своето знаење го направиле животот на земјата подобар).

Од 1902 година Нобелова награда за книжевност добиле 14 жени.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар