Изложба за депортираните Евреи од Македонија во Треблинка

0

Делегација од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија беше вчера во Полска, каде отворија изложба на тема „Депортација на Евреите од Македонија во Треблинка-1943“ во Музејот во Треблинка.

На 11 март 1943 година со претходно направена системска евиденција Евреите се извадени од нивните домови за да бидат испратени во Треблинка, а на вчерашен ден пред 73 години е пристигнат последниот транспорт со Евреи од Македонија кој тргнал од скопскиот Монопол во Треблинка.

Монополот во Скопје бил адаптиран како транзит логор, каде после 11 дена живот во лоши услови во складиштата на Тутунскиот комбинат, на 22 март 1943 година тргнува првата композиција кон кампот Треблинка. Депортирани биле вкупно 7.144 Евреи-мажи, жени и деца, и никој од нив не се вратил.

Изложбата ќе биде отворена два месеци.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот