Изложба на младата графичка дизајнерка Вања Штркова

0

На 25 март во концепт 37 во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Life“ на младиот графички дизајнер и илустратор од Скопје, Вања Штркова. Илустрациите со кои ќе се претстави Вања, прво се изработени на рака а потоа дигитално обработени.

vanja 2

Темата на оваа изложба е секојдневието на една идивидуа која се обидува да пронајде баланс. Преку илустрираните ликови како тема на изложбата се прикажува секојдневната коегзистенција на анимата и анимусот во една личност и нивната константна игра на преовладување. Додека едниот ја има улогата на создавач на хаосот, другиот се обидува да го смири. Во улога на анимус и анима се појавуваат четири женски ликови, четири женски карактеристики или пак две деца кои се кријат во хаосот на анимата.

vanja 4

Изложбата ќе биде отворена до 31 март.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.