Изложба „Recurring Landscapes“ во Чифте Амам

0

Изложба „Recurring Landscapes“ на хрватските уметници Дамир Жижиќ и Кристијан Кожул ќе биде отворена денеска напладне во објектот на Националната галерија на Македонија, Чифте Амам.

Изложбата се состои од неколку инсталации произведени наменски за просторот на Чифте Амам, кои произлегуваат од неодамнешната работа и интереси на уметниците. Изложбата го истражува феноменот на подоброто претставување и генеричкото искуство, кои се од централно значење за трансформирање на менталниот приказ под влијание на глобалниот пазар и маркетинг индустријата.

Делата на Жижиќ и Кожул се дел од колекциите на Музејот на современата уметност во Загреб, Музејот на модерна и современа уметност во Ријека и Куќата Лауба во Загреб.

Директорката на Националната галерија на Македонија, Дита Старова Керими денеска на прес-конференција рече дека станува збор за млади уметници кои се многу активни и се веќе позиционирани во современата уметничка сфера. Изрази надеж дека и натаму ќе соработуваат со овие уметници.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот