Изложба од продажен карактер на Карло Педрони

0

Вкупно 45 слики изработени во куилинг техниката (позната како филигран од хартија), од Карло Педрони ќе бидат продажно достапни во сабота и недела, 27 и 28 февруари, од 9 до 21 часот во центарот Јавна соба.

Карло Педрони, роден 1946 во Скопје, по професија геодетски инженер и информатичар. Во моментов е во пензија, а преку своето хоби стекнал и нова професија. Тој се смета за македонски ветеран во областа на куилинг техниката.

Инаку куилинг (Quilling) е техника која подразбира изработка на предмети и слики преку мотање на ленти од хартија и формирање на фигури кои може да се групираат во една целина или самостојно да се презентираат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.