Излезе и вториот дел од автобиографијата на Patty Smith “М Train“

0

Излезе продoлжението на автобиографијата на Patty Smith насловено како “M Train“ кое има одлични критики.

justkidsedit

Во првиот дел од автобиографијата “Just Kids” кој беше издаден во јануари 2010 година и ја освои престижната американска Национална книжевна награда за најдобро издание во публициски жанр, таа зборува за нејзината врска со Robert Mapplethorpe пред тој да стане еден од најпровокативните и најдобри фотографи на 20-тиот век, а таа да стане рок божица. 

9781101875100_custom-a254b4a0a08672bc947807d58e42bcd4e414c95b-s400-c85

“M Train” е сосема различен проект од првиот. Таа вели : „Книгата е како воз на мисли. Мисториозен воз. Јас само „скокнував” на него и го оставав да видам каде ќе ме води секој ден. Пишував се што ќе ми дојдеше на ум”.

Неодамна пејачката изјави дека планира да заврши уште неколку книжевни проекти, а меѓу другото сака да напише и детски роман онаков каков што и самата сакала да чита кога била дете. Тука влегуваат детективските приказни, мемоарите и збирките поезија. За главниот уредник на списанието New Yorker David Remnicki, за време на The New Yorker Festival му изјавила оти постојано работи на нешто бидејќи има тони необјавен материјал.