Изгледајте убаво и во студените денови – ова се џемперите кои се носат сезонава

0

Само заради тоа што е зима и е студено, не значи дека не можете да изгледате убаво и модерно во исто време. Зимскиот период исто така остава простор за комбинација со облеката која треба да ве затопли. Имајте на ум дека во зима, немате потреба да носите тенки блузи мислејќи дека така ќе изгледате поубаво. Слоевитото облекување може да биде навистина практично, удобно и што е најважно да ве затопли.

Тоа што во моментов е вистински хит во светот се следните неколку модели на џемпери, а вие одберете го својот.

Омбре џемпер

d1

Да, постои омбре варијанта и кај облеката. Во моментов едно од омилените парчиња кај девојките е токму омбре стилот. Градацијата на бои е мошне ефективна и допадлива, така што ќе изгледате модерно и забележано.

Безвременскиот ролка џемпер

d2

Удобен, топол и прекрасен. Изгледот на плетката нека биде по ваш вкус, дали ќе биде широка или ситна, тоа одлучете го вие. Доколку сè уште немате за оваа сезона, набавете го веднаш бидејќи овие ниски температури го бараат токму тоа. И гледајте да биде малку поширок, така ќе изгледате тренди и ќе ви биде поудобно.

Џемпер на преклоп

d3

Овие џемпери се вратија во мода после долго време. Можете да ги комбинирате и со некоја блуза под нив, а можете и засебно да ги носите. Изразот V изгледа префинето и дава посебен изглед на жената која го носи.

Џемпер со отворени рамена

d4

Ова е најмодерното парче во моментов – голи рамена. Можеби не е препорачлив за теткот на денот, но навечер секоја жена треба да излезе и да изгледа убаво, а притоа да биде затоплена. Апсолутна препорака за вас.

Долг џемпер

d5

Сигурно во вашиот гардеробер некаде имате заборавено ваков џемпер. Долг, удобен и топол, идеален за студени денови. Можете да го комбинирате со класични панталони, хеланки и со фармерки.

Асиметричен кардиган

d6

Ако сте љубители на долги џемпери, но не сакате да бидете затворени од сите страни,  одберете асиметричен кардиган. Одлично се согласува со голем дел од облеката, а прави да изгледате шик.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот