Изгледајте одлично после тренинг

0

После тренинг сигурно не би сакале никој да ве види, a особено не оној кој ви се допаѓа. Се туширате и најбрзо и незабележливо бегате накај дома. Косата ви е влажна, ви се чини лицето црвено, изгледате уморно…Се е тоа нормално, но оној кој ќе ве сретне сигурно нема веднаш да помисли дека тукушто сте излегле од теретана.

zenski-magazin-zdravlje-fitnes-top-5-saveta-da-izgledate-sjajno-nakon-treninga-1 (7)

Прочитајте ги следните неколку совети и изгледајте одлично после вежбање.

  1. Ладен туш

Ладната вода е неверојатно добра за вашата кожа. Ја подобрува циркулацијата, ги затвара порите и ја смирува кожата.

  1. Поправете го изгледот на очите

Поминете околу очите нежно со молив, доволно само да го обележите делот на горниот капак. Така очите нема да ви изгледаат уморно, а сепак ќе изгледате природно.

  1. Негувајте ги усните

Понесете балсам за усни со себе. Ставете пред и после тренинг. Не дозволувајте да ви се исушат при вежбањето.

  1. Додадете волумен на својата коса

Додека вежбате, косата врзете ја во две мали пунџи. Една на темето, а другата на тилот. Така, додека вежбате, косата нема да ви се заплетка, ниту спласне.

Во краен случај, бебешка пудра ќе заврши работа. Ставете малку на дланките, размачкајте и нежно поминете го коренот на косата.

  1. Последно, и најважно!

Чувствувајте се убаво. Бидете сигурни во себе, но и во тоа дека после вежбањето секогаш делувате посвежо и поенергично од претходно. Движете се лесно и исправено. Тоа е она што најмногу го забележуваат луѓето.

zenski-magazin-zdravlje-fitnes-top-5-saveta-da-izgledate-sjajno-nakon-treninga-1 (1)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.