Избројте до 10

0

Ви се случува ли да ви кажат дека реагирате премногу бурно во одредена ситуација? И дека треба да изброите до 10, а дури потоа да реагирате?

Бесот и негативната енергија треба да ги исфрлите на некој начин, а токму начинот на којшто го правите тоа треба да ве наведе на тоа дека треба да броите до 10 пред да изреагирате поинаку.

На пример, нешто не ви е по ќеф и наместо да се воздржите, кажувате работи за кои подоцна се каете. Ама веќе е доцна и извинувањето не помага.

Некои работи ќе се повторуваат со текот на животот и немаат врска со годините. Важно е да се научите на самоконтрола и насочување на таа нервоза за да не излезе на погрешен начин и во погрешно време. Не ги одложувајте проблемите, ама уште поважно – не ги решавајте кога сте нервозни.

Вистина е она што велат – бројте во себе… бројте до 10. Ќе видите дека ќе се смирите и дека нема да реагирате многу бурно.

Бројте до 10 и кога имате трема. И дишете бавно во исто време. На овој начин ќе се опуштите, а тремата полека ќе исчезне.

Всушност, бројте до 10 секој пат кога не сте сигурни во нешто. Потоа секој разговор и секоја реакција ќе бидат многу полесни.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.