Избришана сцена од “Friends” за која сигурно не сте слушнале

0

Баш кога ќе помислите дека не постои момент што не го знаете од легендарната серија „Пријатели, се појавуваат вакви сцени кои биле тргнати од некаква причина. Конкретниов случај, ако ви се верува, е избришан од безбедносни причини. Еве и зошто:

Во епизодата кога Рејчел му кажува на Рос дека е бремена со негово бебе, Чендлер и Моника се припремаат за нивниот меден месец. Избришаната сцена ги покажува нив како пристигнуваат на аеродромот, веќе расправајќи се во нивен стил, и се упатуваат кон проверка на багаж и метал детекторите. Во тој момент, Чендлер забележува полициска опомена која забранува кажување шеги на теми како киднапирање авиони и бомби. Но, секако, Чендлер веднаш почнува да се шегува и е приведен од аеродромското обезбедување.

Сепак, зошто би била оваа сцена исечена од епизодата?

Одговорот е едноставен – епизодата требала да се емитува само две недели по трагичниот напад на кулите близначки во Њујорк на 11 септември. Иако била напишана и снимена пред овој настан, продуцентите и сценаристите на “Friends” решиле да ја извадат таа сцена и ја замениле со сцената кога тие пробуваат да добијат гратис седишта во прва класа, како што и сигурно се сеќавате.
Погледнете ја избришаната сцена тука: