Избрани се најсексапилните мажи според магазинот Пипл

0

Традиционално, на крајот на годината, магазинот Пипл ги одбира најсексапилните мажи на годината.

На листата за најсекси маж за 2016 година победник е Двејн Рок Џонсон, а по него се овие девет мажи предводени од британскиот принц Хари.

Принц Хари

 

На неговиот шарм никој не останува рамнодушен, а принцот се докажа и со својата хуманитарна работа. Тој е главен организатор на големиот годишен настан „Invictus games“.

Киган Мајкл Ки

 

Овој американски актер, писател и комичар со неговата духовитост и елегантен стил освојува женски срца во целиот свет.

Џон Красински

 

Познат е по улогата на Џим Халперт во серијата „Во ред“. Овој режисер и актер со својот изглед остава без текст многу дами.

Дрејк

 

Сите се поистоветуваат со неговите текстови, а постои и нешто многу привлечно кај мажот кој ги искажува своите чувства.

Рами Малек

 

Со улога во серијата „Мистер Робот“, овој млад актер на сите им го привлече вниманието со својот занесен поглед.

Ник Џонас

 

Музичарот, чија база на обожаватели постојано се зголемува, е како вино – колку е постар, толку е поубав.

FOX Winter TCA Press Tour party at the Langham Huntington Hotel - Arrivals Featuring: Jay Hernandez Where: Los Angeles, California, United States When: 13 Jan 2014 Credit: Bridow/WENN.com

Џеј Хернандез

 

Џеј укажува дека треба да се биде бестрашен, затоа и ги избричи веѓите за улогата во филмот „Suicide squad“.

Патрик Демпси

 

Од „Вовед во анатамонија“ до денес, Демпси стана пример за маж кој го посакува секоја жена.

Тревор Ноа

 

Шармантниот водител со неговата харизма и изглед на грчкиот Аполон ги освојува срцата на жените од сите генерации.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот