Изабели Фонтана кажа „Да“ во венчаница каква што не сте виделе до сега

0

Сме виделе многу венчаници, од едноставни до премногу украсени, но следнава е навистина невообичаена.

Познатиот модел на Викторија Сикрет, Изабели Фонтана го кажа судбоносното „да“ на прекрасните Малдиви.

На нејзината венчавка преовладуваше белата боја, па така и младоженецот Диего Фереро избра бел костим, додека Изабели изненади со изборот на венчаница, кој беше навистина храбар.

Фонтана го препушти венчалниот фустан во рацете на бразилскиот бренд за костими за капење, Agua de Coco. За прв пат, дизајнерите кои работат за овој бренд креираа венчаница, а таа се состоеше од бел градник и килоти со висок струк, а над нив, ангелот на Викторија Сикрет носеше проѕирен фустан украсен со бели свилени траки кои наликуваа на палмини листови. Навистина нетипичен избор на венчаница, но со оглед на тоа дека оваа манакенка правеше свадба на плажа, нејзиниот избор е сладок.

13734455620512728105805350635701n_840_472 137212911749909578593394817416270n_840_472 Isabeli-Fontanna-Wedding-Dress-Beach-Flowers 569-f-47111452369

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар