Истурете го бесот!

0

Последното истражување спороведено на Универзитетот во Лондон покажа дека собирањето на гневот во нас воопшто не е добро за нашето здравје.

Иако и моменталното пламнување не личи за многу здраво кога сте нервозни, сепак оваа студија спороведена на повеќе од двесте испитаници од двата пола, покажала дека луѓето кои инстантно ја покажуваат нервозата и имаат карки изливи на бес кои поминуваат во рок од десетина минути имаат поздраво срце од оние кои мислат дека ништо не може да ги допре, се трудат да делуваат индиферентно, а, всушност целиот гнев го собираат во нив.

Според научниците, на долг рок, тоа не е одржливо, бидејќи лицата со таква карактеристика имаат поголеми шанси да станат аксиозни во подоцнежните години и да патат од депресија или аритмија.

Изливите на гнев се всушност добри за здравјето, но мора да споменеме дека како и со другите работи, гневот треба да се практикува во умерени количини за важни ситуации. Она што исто така го покажала оваа студија е дека жените имаат почести изливи на бес за разлика од мажите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот