Истражувањата велат: Добро е да се гледа телевизија

0

Колку често слушаме дека гледањето телевизија е штетно, дека го забавува мозокот, перцептивните моќи и ред други работи кои ни се веќе познати.

Новитет е сознанието дека од телевизијата всушност има и корист.

Истражувањата велат дека помага во разбирање на некои животни ситуации. Ова се однесува на документарците кои ја покажуваат другата страна од светот, ситуации каде можеме да се пронајдеме .

Понекогаш наоѓаме утеха и во фиктивните ликови, не само во реалните од документарните филмови, туку и од оние кои некој ги создал. Можеби звучи патетично и веќе слушнато, но сите сакаме да видиме цврсти карактери на ТВ кои во одреден момент од животот ќе не мотивираат.

Може да не однесе на места во светот за кои не сме слушнале, а ќе сакаме да ги видиме. Телеизијата секогаш ни носи информација плус која некогаш во животот ќе ни биде од корист.

Моментот на релаксација исто така се покажал како позитивен, посебно кога се гледа омилената ТВ серија.

Но, заклучокот е дека никако не смее да се претера со оваа активност, бидејќи може да доведе до негативни ефекти за човековото здравје.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот