Истражувањата покажаа дека љубовта и поддршката од партнерот за време на рак имаат важна улога во борба против оваа болест

0

Ракот на дојка е најчест рак кај жените, афектирајќи околу 10% од женската популација во некоја етапа од нивниот живот. Покрај напорите што се прават за да се постигне рана детекција и ефективен третман и самите сме сведоци на големиот број заболени жени, но што е уште позагрижувачко е дека се работи за жени од помладата популација.

За да се спречи оваа состојба важно е да се подигне самосвеста кај сите жени, да се зголеми кутурата и да се делува превентивно.

Не е лесно за никој што се соочува со оваа, но и многу други болести, сепак нови истражувања покажаа дека љубовта и подршката на партнерот, семејството и пријателите се многу значајни во самиот процесот на справување и борба против истата.

Џени Бушел и нејзиниот сопруг Ден, биле заедно шест години кога на Џени и бил дијагностициран рак на дојката. Во тоа време таа била трудна со нивното второ дете.
Нивните семејства не знаеле ништо за овој случај, а тие одлучиле да го одолжат лекувањето се додека Џени не се породи.

„Си бевме најголема поддршка еден на друг. Не знаевме што ни носи иднината“ – изјавила Џени.

Оттогаш нивната поврзаност се зголемила и тие станале многу повеќе блиски.

Истражувањата потврдиле како ако за време на болест, партнерот кој е поддршка и кој има активно учество во заедничката борба, директно влијае врз односот и блискоста помеѓу партнерите.

Паровите каде жената е болна од овој тип на рак, а партнерот прави се што е во негова можност и претставува поддршка на жената, го зајакнува и влијае во подобрување на нивниот однос како и интимноста помеѓу нив.

Така било и со Џени и нејзиниот сопруг. Тие постојано биле заедно и разговарале на оваа тема, со доза хумор за целата ситуација со која се справувале заедно, како тим.
„Не знам како ќе останев позитивна во однос на целата ситуација со која се соочував без подршката на мојот сопруг.“ – вели таа, која моментално е во состојба на ремисија цели три години.

Уште едно истражување покажало како паровите кои се во брачен однос, каде што жената е дијагностицирана со рак на дојка, имаат поголеми шанси во борба против оваа болест. Иако ова истражување може да зависи од низа други фактори, но исто така ја покажува и важноста од големата подршка на партнерите.

Како и кај Џени, така и кај голем број од жените, врската со нивниот партнер има важна улога во борбата против оваа болест.

Извор: net.hr

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.