Истражи го новото лице на феминизмот

0

Претставена од Анџелина Џоли, мајка, жена, слободна, дарежлива, посветена, Mon Guerlain е почит на денешната женственост.

Женственост …

Еден од најскапоцените и најмистериозните зборови во јазикот. Суптилна, неостварлива и посакувана, женственост која фасцинира и буди. По некои правила е кревка, но во реалноста претставува, неверојатна сила бидејќи е извор на живот, на потекло.

Познато е дека жените имаат многу различни страни. Повеќестрана женственост која е горда и еманципирана, но сепак нежна, никогаш не се предава, верувајќи во своите соништа.

Само еден парфем е потребен за да ја раскаже оваа приказна.

Деликатно цветање

Свежа и нежна интерпретација инспирирана од цвет кој се капе во утринска роса.

За овој состав сакавме да се фокусираме на цветниот аспект и да го обликуваме како букет со бели цветови, зголемувајќи го присуството на растението Самбак Јасмин, кој е составен дел од идентитетот на Mon Guerlain“ – вели Delphine Jelk кој го создаде парфемот заедно со мајсторот за парфеми, Thierry Wasser.

“Сончевиот, продорен и великодушен аспект на женственоста е изразен преку поголемото присуство на јасминот“ – додава Thierry Wasser.

Јасмин 

Оваа исклучителна сурова состојка која се користи во големи количини е начин преку кој се изразува креаторот на парфемот, што особено доаѓа до израз благодарение на комбинацијата на лаванда и ванила, која се чувствува во Mon Guerlain.

Шишето на парфемот е дизајнирано од Gabriel Guerlain, а создадено од компанијата Baccarat во 1908 година. Го следи легендарниот мирис низ годините и се етаблира како шише икона со потписот на Guerlain, на тој начин инспирирајќи многу уметници и дизајнери да го реинтерпретираат низ нивните креации.

Рационализиран, графички воздржан, тој е инспириран од шише на алхемичар, од каде доаѓа и името “quadrilobé”. Формата продолжува до неговиот затворач издлабен од цврст блок за да се добие форма со четири агли. Комбинира контрасти изразени со силата на затегнатите линии и со сензуалноста на кривините, предизвикува силна, слободна и сензуална женственост.

За 190 години, пет генерации на Guerlain парфимери(креатори на парфем), се составен дел од историјата на брендот. За 190 години, ја истражувале планетата во потрага по ретки и скапоцени сурови состојки, измислувајќи храбри нови соединенија и создавајќи над 1.100 мириси…

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.