Историски споменици кренати во чест на жените

0

Низ историјата најголемиот број споменици се кренати во чест на мажите – владетели, војсководци, богови… но, само мал број споменици се изградени во чест на големите жени. Ова се дел од нив.

Храмот на фараонката Хатшепсут

Во времето на владеењето на фараонката Хатшепсут, Египет доживеал вистински раст, особено економијата на земјата. Храмот-гробница изграден во нејзина чест на западната страна на Нил, се смета за едно од архитектонските чуда на Сариот Египет.

Базиликата на Света Марија

Една од најстарите базилики во Европа, која потекнува од 5 век, е посветена на Богородица. Според легендата, брачен пар кој не можел да има деца сакал да донира пари во црква и да се помоли Господ да им даде рожба. Ноќта пред да отидат во црквата, на сон им се јавила Богородица и им рекла да изградат црква на местото каде што претходниот ден паднал снег. Бидејќи снегот паднал во август, црквата често ја нарекуваат Снежна Богородица.

Гробницата на Рахила

Покрај северниот влез на Витлеем е пронајдена гробницата на Рахила, библиска јасновитка и прва жена на пророкот Јаков. Нејзината гробница е една од трите најголеми и најсвети места во јудаизмот, а бидејќи е поврзана со плодноста, многу жени доаѓаат тука со надеж дека ќе забременат.

Гробницата на големата кралица на Маите

Кабел се смета дека е најголемата владетелка на Маите, а нејзината гробница коај датира од 7 век, е пронајдена 2004 година. Експертите сметаат дека таа имала поголемо влијание од својот сопруг, а нејзината огромна гробница е доказ за овие тврдења.

Мавзолејот посветен на Хелена, мајката на царот Константин

Ова древно здание, изградено помеѓу 326 и 330 година, се верувало дека било создадено во чест на Констанција, сестрата на царот Константин. Сепак, тој е посветен на неговата мајка, која, по нејзината смрт била прогласена за светица.

Мавзолејот на Сесилија Матела

Сесилија Матела била ќерка на еден од најголемите римски конзули, војсководецот Квинт Сесилија Мател Кретик. Нејзината гробница е една од најпознатите, најсочуваните и најпознатите во светот.

Вечниот дом на кралицата од Саба

Се верува дека кралицата од Саба е закопана длабоко во прашумите на Нигерија. Според различни извори таа се нарекува Билкис или Македа, но нејзиното вистинско име и ден денес е мистерија.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот