Историјата на 8ми март

0

Денот на жената е светски празник што се одбележува на секоја година на 8 март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија,Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.

8mi-mart-protest2

Во западните земји во 20-тите години одбележувањето на 8 март полека замре, а оживеа во 60-тите, Во ниту една западна земја 8 март не е прогласен за државен празник.

Во 1977 година, Генералното Собрание на ОН усвојува предлог кој вели да се прогласи ден за прославување на правата на Жените и Меѓународниот мир. Во 1988 година во Копенхаген е одржана Конвенција за правата на жените, каде е решено 8ми март да биде прогласен како Ден на жената.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот