Историјата на најдобрите пива

0

Пивото е момент кој сите го чекаат да се случи, бидејќи така имаат причина плус да се сретнат, да уживаат во друштвото, но и во неговиот вкус. За добрите познавачи на пивото, веројатно следниве информации нема да ви бидат изненадување, но за сите останати љубители, ние решивме да ви ги претставиме едни од најоригиналните вкусови на пиво и да ве запознаеме со нивната историја.

Кonrad 11 Dark Lager e традиционално чешко темно пиво со специфичен полн вкус на слад од карамела. Ова пиво се уште добива признанија од експерти.  Не само што е одлично да се консумира со ручек, туку претставува и одличен додаток на многу десерти.

12592470_916625261766018_5518379097935616004_n

Konrad 11 Light Lager претставува пиво со совршено воспоставена рамнотежа на течности и хранлив енергија во еден пијалак. Направено според основен рецепт за пиво што го создава ‘рбетот на производството на класично чешко пиво. Има фин и пенлив вкус на кој не можете да му одолеете.

12651101_916625321766012_5237150013761796596_n

Dab Dortmunder  – пиво кое на самиот почеток не било барано само во Дортмунд. Во 1868 година градот има само 36 000 жители што бил премал број за да работи голема пивара. Пивото за многу кратко време почнало да се дистрибуира низ новооформената Германска Империја до останатите градови. Во 1879 година ДАБ почнува да се извезува во Холандија, Белгија, Франција, Индија, Јапонија и Австралија. Со текот на времето, ДАБ почнува да станува се попознат во Европа и да има негови љубители секаде низ светот.

12508998_916624548432756_5906910216428108610_n

Ова е пиво кое ги има соборено сите светски рекорди, а ја има и наградата “Grand Prix” за исклучителен квалитет на светскиот Саем во Париз во 1900 и 1937 година. За специјалните достигнувања, ДАБ исто така бил награден со Персискиот Државен Медал во Дизелдорф во 1913 година. Денес, ДАБ е се уште еден од главните извозни брендови на Германија и е застапен во 20 земји низ светот.

12524059_916624478432763_4754409772223378912_n

Radeberger Pilsner – Историјата на ова пиво почнува од 1872 година, во градот Радебергер, во близина на Дрезден. Во 1905 година било омилен пијалак на тогашниот саксонски крал Фредерик Аугустус. Уште истата година почнал извозот за Америка и Канада. Во 1954 година се отвора кон светот. Инаку во Македонија е познато односно има традиција долга 80 години.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот