Историјата на хаус музиката

0

Хаус музиката како електронски жанр на музика оригинално потекнува од Чикаго, создадена е во раните 80-ти години, а популаризирана во 1984 година. Хаус музиката брзо се проширила во останатите градови низ Америка како Детроит, Њујорк и во овие места со текот на времето се овој музички жанр си создал своја сцена.

Во доцните 80-ти години, почнува да се шири во Јужна Америка, Европа и Австралија. Песните кои имал голем успех во тоа време во Европа биле “Pump Up The Volume” на MARRS од 1987 година, “House Nation” од House Master Boyz and the Rude Boy of House, “Theme from S’Express” од S’Express и “Doctorin’ the House” од Coldcut во 1988 година.

На почетокот на 90-тите години, хаус музиката влегува на меинстрим поп и денс сцената на светско ниво.

Warehouse_FB

Инаку што се однесува до терминот “хаус” музика, потекнува од клуб во Чикаго кој го носел името “The Warehouse”, а постоел од 1977 до 1983 година. Клаберите во “The Warehouse” во најголем дел биле афроамериканци и геј, а доаѓале да ја слушаат и да танцуваат на музиката од резиднет ди-џејот во тоа време, DJ Frankie Knuckles. Тој бил познат и како основоположник на хаус музиката. Откако бил затворен клубот,  фановите го следеле во неговиот клуб, “Power Plant”.

frankieknuckles

Имињата кои се дел од нашата генерација и кои апсолутно доминираат и се уште доминираат на хаус сцената се Avicii, Alesso, Swedish House Mafia, Calvin Harris, Eric Prydz, Duke Dumont и многу други.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот