Историјата на црвениот тепих

0

Во денешно време, речиси е незамисливо една премиера на филм или отворање на филмски фестивал да помине без познатиот црвен тепих по кој парадираат славни, популарни и важни личности, а фотографите од страна се трудат да ги направат најубавите фотографии…

Но, како настанала традицијата за поставување на црвен тепих при самиот почеток на важни и големи настани?

Првото познато споменување на црвен килим датира од 5 век, во Есхиловата драма „Агамемнон“. Дотогаш било традиција да се постила црвен килим само во чест на боговите. Но, кога Агамемнон се вратил од битка, неговата жена го пречекала токму на црвен тепих. Иако тој знаел за традицијата на црвениот килим, сепак згазил на него и бил убиен од непријателите кои сметале дека тој не е достоен за црвен тепих.

Црвената боја во времето на Старите Римјани и Грци била сметана за мерка на нивната кралска моќ.

Во деветнаесеттиот век,  традицијата на црвениот килим е популаризирана од страна на американската железница. Патниците во Њујорк и Чикаго кои патувале во првата класа, добивале пречек со одмотување на црвен килим, алудирајќи на луксузноста и единственоста на секое патување. Речиси во истиот период црвениот килим станал актуелен на сите големи културни настани во Америка, каде останува и до ден-денес.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот