Искористете ги предметите од домот и правете играчки заедно со дечињата

0

Учете го Вашето дете од мало што  е тоа рециклирање, како да ги согледува сите предмети во неговото опкружување и како повторно да ги користи.

Еден од најдобрите начини да го постигнете тоа е да ги употребите овие предмети во секојдневна игра.

Издвоивме неколку идеи со кој на креативен начин можете на Вашето дете да му објасните многу работи.

Разгледајте ја галеријата и пронајдете некоја идеја која најмногу би му се допаснала на Вашето дете, направете нешто ново а со тоа и заштедете. Со помош на овие активности кај Вашето дете ќе го стимулирате развојот на фината моторика  и убаво ќе се забавувате.

Погледнете!

ПТИЦИ

Направете интересни птици така што затворачите од пластични шишиња прво ќе ги залепите на картон. Потоа декорирајте ги по желба. Искористете украсни пердуви, колаж во боја… Бидете креативни и забавувајте се.

ШАРЕНИ ИНСЕКТИ

Од проѕирна фолија исечете крила за инсектите. Нацртајте ги, украсете ги, па внимателно залепете ги. Додадете очиња и инсектите се готови. Ова е интересен декор за Вашиот балкон и за цветните саксии.

РАЗНОВИДЕН ЖИВОТИНСКИ СВЕТ

Овие преслатки животни можете да ги направите со додавање на мали ситни детаљи. Затворачите залепете ги на позадина со контрастни бои и додадете делови од хартија во боја. На овој начин можете да направите и картички за подарок (како честитка).

ИНТЕРЕСНИ ЛИКОВИ

Бидете креативни, направете интересни измислени ликови. Сецкајте, лепете, создадете Ваши ликови со кои ќе си играте. Вашето дете ќе биде пресреќно.

РАЗИГРАНИ ЧОВЕЧИЊА

Соберете поголема количина затворачи. Принципот е едноставен, нанижете ги капачињата на рибарски конец. Направете тело, глава, раце, нозе…на крајот додадете очи и капа и играта може да започне.