Искинати тренерки и зошто не?

0

„Искинатите“ фармерки се еден од вечните трендови, стил кој никогаш нема да излезе од мода. Барем се надеваме дека е така.

Но, што е со „искинатите“ тренерки? Колку делуваат тие привлечно?

„Сечениците“ и „гребнатините“ изгледаат совршено на скоро сите модели фармерки, на сите бои, во сите комбинации. Доколку се подискретни, можете да ги носите дури и на работа.

Но, некои модни компании отишле чекор подалеку и креирале тренерки со исеченици, кои, веруваат тие, ќе бидат најголемиот моден хит оваа година. И да, гледаме девојки облечени во вакви тренерки, но, дали ни се допаѓаат?

Да бидеме искрени, не!

Во ред е да носите стари тренерки кои малку се скинале и со нив да „тркнете“ до маркетот што ви е на улица, но не и да ги облечете кога тргнувате на кафе или шетате во парк. Истиот впечаток го оставаат и овие намерно, стилски искинати тренерки. Тие делуваат непривлечно. Не се ни оддалеку кул како фармерките изработени во истиот стил.

Затоа девојки, уште пред да дојде овој тренд кај нас – блокирајте го. Не е убаво се што ќе понудат стилистите и модните дизајнери, нели? Постојат „нормални“ тренерки во кои можете да изгледате совршено, каде и да одите. Држете се до нив.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот