Ирис Гупта – 12-годишно девојче кое разви план за запирање на алергиите

0

Младиот научник Ирис Гупта знае дека неопходноста е мајката на инвентивноста. Инспирирана од ужасната алергија предизвикана од кикирики на нејзиното другарче, како и нејзиниот проблем со алергија на мачки, 12-годишното девојче од Мериленд, САД, дојде до многу интересно откритие во врска со алергиите. Завршниот проект и заработи место како еден од 10-те финалисти во Discovery 3M Young Scientist Challenge на почетокот на месецов.

Овој контест на млади научници е национален натпревар на ученици од основни училишта во САД кои се интересираат за наука. Главната награда на натпреварот е 25 илјади долари и авантуристичко патување.
Анти-алергискиот проект на Гупта е повеќе за стопирање на симптомите на алергиите пред да се појават, отколку како да се третираат по појавувањето. За да се постигне тоа, шетоодделенката предложи инјектирање или вдишување на нанопартикли од злато за да се блокираат хистамините кои се ослободуваат ког а телото е во контакт со алергенс. Ако овие нанопартиклимошат да го запрат ослободувањето, тогаш тие ќе ги отстранат реакциите пред да започнат. Оваа идеја се уште треба да се тестира, но менторот на Гупта во натпреварот, научникот Раха Бин, изјавил за Вашингтон Пост дека е импресиониран од неа.
„Алергиите навистина се голем фактор за квалитетот на животот на луѓето. Многу е важно да се види страста на Ирис за решавање на проблем кој би имал огромно влијание на човечките животи.“
Видете го видеото од предлогот на Гупта за натпреварот.

Остави коментар