iPhone 8 ќе биде изработен од стакло

0

Гигантот Apple најавува дека идниот iPhone 8 целосно ќе биде изработен од стакло. Челниците на Catcher Technology, компанијата која го изработува овој телефон најавуваат дека идната 2017 година ќе остане запаметена во технолошката индустрија токму поради овој модел.

Претседателот на Catcher Technology, Ален Хорнг  освен што го најави стаклениот модел сугерираше и дека ќе има повеќе модели од оваа линија која ќе биде претставена во септември идната година.

Хорнг, за американските медиуми исто така изјавил дека iPhone 8 ќе биде скапоцен потфат со иновативна технологија,

Па, љубители на ајфон, како ви се допаѓа оваа идеја?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот