Инвестиции во спортот во РМ – тема на вчерашната дебата на ЦЕМС

0

Вчера во организација на Центарот за едукација и менаџмент во спортот ЦЕМС се одржа дебата на тема инвестициите во спортот во РМ на која имаше претставници од повеќе институции и општини.

Тема на дискусијата беа инвестициите во спортот како и бенефитите на компаниите кои се предвидуваат со новиот закон, односно ваучер систем, за критериумите и насоките за инвестирање во спортот со што ќе се унапреди неговиот развојот во државата.

Во работниот дел имаше многу конструктивни дискусии и предлози од присутните на кои одговори и насоки дадоа Дарко Каевски – Директор на Агенцијата за Спорт и Млади на РМ, потоа Даниел Димевски – Советник за Спорт на претседателот на Владата на РМ како и Ѓорѓи Тасев исто така Советник на претседателот на Владата на РМ за Млади и Спорт.

На крајот, имаше и свечен дел на кои од име на ЦЕМС беа доделени неколку благодарници на компании за инвестирање и унапредување на спортот во РМ. Исто така беа наградени и неколку личности кои имаат заслуга во делот на инвестициите во спортот, а како посебно признание за долгогодишно инвестирање и помагање за развој на спортот во РМ од страна на претседателот на ЦЕМС му беше доделено на г-динот Михајло Михајловски, кој по добивањето на наградите се обрати до сите присутни со апел да се инвестира во спортот за доброто на сите граѓани а пред се на спортистите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот