ИНТЕРВЈУ: Свами Ваишампајан, светски познат учител за јога и медитација!

0
Уметноста на живеењето (Art of living) е најголемата волонтерска мрежа во светот која спроведува социјални, културни и духовни активности со преку 350 милиони вклучени лица и реализирани програми во 155 земји во светот на 6 континенти. Таа е хуманитарна организација со посветеност кон промовирање на најголемите човекови вредности: сомилост, разбирање, љубов, заемна соработка и креирање мир од ниво на лично воздигнување кон креирање мир во поширока смисла.

Во процесот на развој на човековата индивидуа неопходен е духовен развој или самопронаоѓање на внатрешните таленти и скриениот потенцијал што го поседуваме. Затоа Уметноста на живеењето одржува семинари односно работилници за секоја возрасна група кои се специјализирани според возраста и потребата на луѓето.

Уметноста на живеењето нуди работилници за надминување на стресните ситуации и елиминирање на стрес во секојдневниот живот, надминување на депресијата како состојба и насилството во целост. Тоа се програми што се комбинација на најдоброто од древната мудрост и од модерната наука.

Семинарите/работилниците се мултидисциплинарни, проткаени со лесни јога вежби, групни и индивидуални процеси (преку кои се рефлектира и освестува одредена ментална шема на однесување), динамични и интерактивни вежби и сл. Помагаат да го реализирате сиот свој потенцијал како индивидуа и нудат практични алатки кои може да ги примените во секојдневниот живот, на работа, при учење или пак во односите со блиските и соработниците. Нудат уникатна комбинација од практични алатки за справување со стресот и мудроста за справување со умот.

H: Колку години сте дел од невладината фондација „Art of Living“?

  • Од оваа организација сум дел 18 години, уште од 1999 година, а во 2000та почнав и да предавам. Учител сум веќе 17 години.

H: Вашата титула е “Swami”. Што значи и како се стекнува оваа титула?

  • „Swami“ значи „Оној кој се пронашол себеси“. Како постанав Swami… Guruji ме благослови и оттогаш мојот живот и размислувања се насочени кон овој спиритуален пат. Би сакал да го пренесам ова прекрасно спиритуално знаење, тоа е приоритет во мојот живот.

H: Колку време е потребно некој да постане „Swami“? Дали можете да ја опишете состојбата на умот на оној кој е подготвен за да постане „Swami“?

  • Во интернационалниот ашрам на фондацијата „Art of Living“ кој се наоѓа во Бангалор – Индија постои соодветен курс чија програма треба да се помине, а потоа и низ систематска постапка за да се постане „Swami“.

H: Сте патувале во многу земји – кои се тие? Кои од нив најлесно ја прифаќаат филозофијата на „Art of Living“ ?

  • Имам патувано низ Европа, Африка и Азија. Сметам дека има подеднаков интерес во сите земји за убавината на живеењето („Art of Living“).

H: Правилниот начин на дишење зазема важно место во „Art of Living“. Кои се придобивките од тоа и како со тоа се одржува благосостојбата на една личност?

  • Дишењето е една од најважните активности на нашиот живот. Го започнуваме нашиот живот со здив, вдишувајќи и го завршуваме со здив, издишувајќи. Па така во текот на овој животен век она што ние сме постојано и она што го правиме е само една работа, тоа е – дишењето. Но, ние не го користиме полниот капацитет на нашиот дишен систем, затоа е важно да научиме како правилно да дишеме. Правилниот начин на дишење е корисен како и за физичко здравје, така и за менталното но, и емоционално ниво.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот