Интервју со Златко Жоглев автор на книгата „Сенката на добриот човек“

0

„Сенката на добриот човек“ е книга со потпис на проф. Д-р Златко Жоглев, претставува збир на народни мудрости од цел свет, интрепретирани преку зборовите на авторот.

Како настана „Сенката на добриот човек“?

Книгата има една голема симболика која произлегува од самата приказна.

Некој човек правел добри работи, помагал на сите луѓе. Целиот живот го посветил на тоа да ги прави луѓето среќни со добрините кои им ги учинувал. Еднаш, му се јавил Господ и му рекол: Бидејќи ти ме славиш мене со тоа што правиш добрини, сега јас ќе те замолам да ми кажеш што сакаш јас да направам за тебе. Човекот рекол дека сака да размисли. Господ му рекол – Јас очекував од тебе да ми одговориш така, бидејќи освен што си добар, ти си и умен.

Размислил човекот и Господ го прашал- што ќе биде одговорот:

„Господе, бидејќи цел живот правам добро, јас и понатаму би сакал да правам добро. Да бидам здрав, но не сакам да сум свесен дека правам добро. Бидејќи ако сум свесен може да се вообразам. Помогни ми да продолжам вака, само да не бидам свесен за тоа.“

Господ му ја исполнил желбата и така направил. На сенката негова и дал чудесно својства, да може да биде лековита, односно луѓето кои ќе стапнат на неа да се излекуваат.

Приказната ја има во книгата, од неа тргна сè. Всушност, книгата е збир на народни мудрости од цел свет. Во денешно време е многу важно, и во согласност со овие стандарди на религијата но и надвор од нив, човек да помага. Поентата е следна: ако човек помага и постојано зборува за тоа, исто како да не направил ништо.

Го одбрав овој наслов, бидејќи сметам дека вакви луѓе треба да има што повеќе, најголема симболика пронајдов во оваа приказна.

Од каде ги собиравте приказните, како доаѓавте до нив?

Доѓав до нив преку разна литература која што ми беше достапна, со некои се сретнував попатно, па ги запишував. Како што кажувам и во книгата, народните приказни немаат стопан и затоа нема авторски права, но сепак сакав да ги неведам книгите кои ги користев. Јас ги дотерав според мене, како јас сметав дека треба да изгледаат.

Кои се првите луѓе кои ја прочитаа книгата, какви беа коментарите?

Првиот што ја прочита беше Раде Силјан кога му доставив во електронска форма. Веднаш ми се јави и ми рече дека е многу добро, беше воодушевен, што ми причини дополнително задоволство. Сите кои ја прочитаа ми дадоа позитивни коментари. Еден од нив е Владимир Костов, академикот кој во комлиментите ме споредува со многу важни личности, што за мене претставува големо задоволство и почит.

Дали пишувате и поезија?

Да, пишувам постојано, почнувајќи уште од основно училиште. Имам објавено повеќе од 50 песни, а дома имам подготовка за книга за детска поезија. Ќе биде многу интересна, бидејќи мудростите на 7 најпознати мудреци се направени во поетизирана форма.

Што друго сакате да пишувате, покрај поезијата и прозата?

Повеќе од 30 години се занимавам со литературна критика, зад себе имам многу промоции со едни од најпознатите домашни автори, имам многу текстови, рецензии. Убаво би било да објавам барем една книга, тоа ми е во план.

Дали има негативна критика?

Има укажување на некои работи, бидејќи мојот стил е таков. Многу луѓе се фокусираат на лоши работи, јас не сум човек кој сака да го прави тоа. Јас едноставно ги посочувам работите кои мене ми се допаѓаат, без да навлегувам во негативните.

Во последните години има наезда на нови автори. Дали имате чувство дека е претерано во некоја смисла, со оглед на тоа дека денес секој што знае и не знае да пишува седнува и објавува книга. Кој е Вашиот став?

Да, тоа е така, Убаво е кога има нови автори, но потребен е квалитет. Лично сметам дека секој што има желба да пишува треба да го стори тоа. Прашањето е дали тоа ќе биде објавено и кој ќе го објави, а судот за тоа ќе го даде читателската публика и критиката.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Најнов проект на кој работев е германска монографија, имам текстови, 70 страници текст, а истиот е преведен и на германски бидејќи е за македонско – гермнаско пријателство. Еден од авторите на монографијата сум и јас, најголем дел од текстот е моја, во соработка со други двакца автори.

Сите кои успеаја да ја прочитаат ми дадоа позитвни коментари. Би издвоил еден, на мојот пријател Владимир