Интервју со Џош Вајтхаус – заштитното лице за Mr. Burberry „Мирисот е голем дел од нечиј карактер“

0

Во понеделникот, на 3 април, брендот Burberry ја лансираше кампањата за најновото поглавје во приказната на парфеми од Mr. Burberry. Создадена од страна на главниот и извршен директор Кристофер Бејли во соработка со Франсис Куркдијан, творецот на Mr. Burberry мирисот кој претставува интензивна и интимна интерпретација на иконскиот Mr. Burberry Eau de Toillette.

За потребите на кампањата беше направено интервју со заштитното лице на Mr. Burberry, Џош Вајтхаус кое ви го пренесуваме во целост.

Mr. Burberry и Лондон

Mr. Burberry е наведен како “човек на контрасти”. На кој начин вие сте човек на контрасти?

Јас сум генерално многу тивка личност во мојот секојдневен живот и повеќе мислител одколку говорник. Сепак, јас сум исто така, изведувач, па кога сум на сцената со мојот бенд сум сосема спротивното. Всушност, генерално додека настапувам – било да е тоа глума или на музичката сцена – јас, како и многу други креативни луѓе, сметам дека тој начин на изразување е ослободувачки. Тоа се контрасти кои ги поседува мојата личност.

Mr. Burberry е инспириран од Лондон. Како би ја опишале енергијата на Лондон?

Сметам дека енергијата на Лондон е речиси хаотична: насекаде гледате само нозе кои поминуваат брзо. Тоа се сите оние зафатени луѓе кои работат тука, низ целиот град. Лондон е место кое зрачи со креативност и живот од секој агол.

Како би ја опишале суштината на Лондон?

Mислам суштината на Лондон се состои токму во разновидноста. Тоа е град – дом на толку многу различности, индустрии и можности. Не е важно кој сте или што правите, секако ќе можете да го најдете вашиот круг на луѓе тука во Лондон. Во срцето на сето тоа е креативноста и страста.

Што значи Лондон значи за вас?

Лондон значи сè за мене уште откако се преселив тука пред осум години. Тука имам изградено дом со моето семејство, запознав многу нови пријатели, се пронајдов во кариерата што никогаш не се ни замислував себеси дека ќе ја работам.  Сите работи што не се случија никаде се случија тука во Лондон… Не знам што ќе правев, ако не преселев тука.

Со кои три збора би го опишале Лондон во текот на ноќта?

Убав. Забавен. Возбудлив.

Дали Лондон се разликува во текот на ноќта во однос на дневните случувања?

Лондон во текот на ноќта е како нов град: повеќе романтичен, полн со забава и талент. Луѓето излегуваат се дотеруваат, се забавуваат или пак се релаксираат, но метежот и вревата од сите сфери на животот се сè уште околу вас. Лондон никогаш не спие.

Кои се вашите омилени нешта што сакате да ги правите во Лондон во текот на ноќта?

Сакам да јадам и пијам во друштво на моите пријатели да гледам филмови, да посетувам театар и да одам на концерти.

Опишете ја вашата совршена ноќ во Лондон?

Мојата совршена ноќ во Лондон е ноќ помината со моите блиски пријатели. Убава летна вечер, за почеток на ноќта неколку пијалаци во Ислингтон или Сохо, а потоа на некое пријатно место на вечера, проследено со куглање, филм – комедија, драма или пак посета на некој бенд што настапува таа вечер.

Кои се вашите омилени места за посета во Лондон во текот на ноќта?

Јас навистина уживам во Ислингтон. Опуштен е и има голем избор на ресторани и коктел-барови. Има и кино во близина, исто така е само околу 15 минути од центарот на градот, блиску доколку сте во расположени да се забавувате потоа.

Ако можете да биде каде било во Лондон во текот на ноќта без никакви ограничувања, каде би отишле?

Мислам дека веројатно би сакал да видам повеќе театарски претстави. Тоа е ретка можност за мене која секогаш ме инспирира. И би сакал да бидам во првите редови, секако, без никакви ограничувања!

Опишете ја вашата совршена вечер во Лондон доколку би можеле да правите што сакате и со кого сакате?

Во тој случај, заедно со мојот бенд би скокал со падобран од парк-покривот Dalston, би јаделе стек и би пиеле вкусни вина. Би имале свирка на покривот, потоа би скокнал и би се приземјил на една од оние големи мрежи, потоа би имал Northen Soul вечер било каде и би танцувал цела ноќ.

Кампањата за новиот Mr. Burberry Eau de Parfum е за очекувањата на ноќ исполнета со љубов. Како вие се подготвувате за една ваква вечер и кој е највозбудливиот момент од една таква ноќ?

Нема ништо слично на чувството да се биде возбуден за една ноќ, особено ако посакувате да ја поминете со некоја посебена личност. Најдобриот дел е токму во последните минути од подготовката, кога сте нетрпеливи пред излегување од врата и знаете дека ја имате цела ноќ пред вас.

Носите Burberry смокинг за кампањата на Mr. Burberry, но дали поседувате смокинг? Дали Ви се допаѓа да носите смокинг?

Да, имам еден смокинг, но го облекувам само за многу посебни прилики. Кога го носам, се чувствувам како сосема нов човек, тоа е чувството кое го дава смокингот на Burberry!

Mr. Burberry Eau de Parfum е многу сензуален. Што претставува за Вас сензуалноста?

За мене, сензуалноста е допир, мирис, интимност – кулуминација на искуства.

Кое е најсензуалното место во Лондон?

Во есен, сензуален е Хајд Парк. Звукот на луѓето кои шетаат и разговараат, јадат и се забавуваат. Каде што и поетите ги кажуваат своите приказни … Сепак мислам дека тоа е целосно зависи до карактерот на личноста. Сензуалноста е насекаде и ги следи сите наоколу каде и да одат.

Според вас што е најсензуално кај една жена?

Јас би рекол нејзиниот врат. Тоа е местото каде што повеќето луѓе го нанесуваат нивниот омилен парфем, а кожата на тоа место е многу нежна и чувствителнa.

За мирисите на Mr.Burberry

Што ви се допаѓа во врска со мирисите на Mr. Burberry?

Го сакам мирисот на Mr.Burberry. Mr. Burberry Eau de Toilette е со полесна нота, потсетува на свежо утро, речиси пикантен, но и лесен. Mr. Burberry Eau de Parfum е подлабок, со шумска нота  – би рекол дека е романтичен мирис.

Во три зборови, како би го опишале Mr. Burberry парфемот?

Дрвенест /шумски. Романтичен. Топол.

Како би ја опишале на Мr. Burberry тоалетната вода во три збора?

Светла. Сензуална. Свежа.

Што мислите, кој е вистинскиот начин еден маж да носи парфем?

Ако мажот ужива да носи мирис, мислам дека е убаво да има еден дневен и еден вечерен. Јас би ја употребувал Mr. Burberry тоалетната вода наутро околу вратот и градите, веднаш по туширањето. Потоа, за вечерно излегување би го нанел Mr.Burberry парфемот.

Дали се сметате себеси за добар познавач на мириси/парфеми, сега откако станавте заштитно лице на Мr. Burberry?

Дефинитивно знам повеќе за мириси сега отколку порано! Ова беше едукативно искуство за мене.

Mr. Burberry парфемот е подлабок, сензуален мирис. Што мислите кој е вистинскиот начин на кој маж и една жена треба  да носат мирис?

Мирисот е голем дел од нечиј карактер. Ги помниме луѓето по нивниот мирис, сметам дека постои носталгичност во квалитетот на мирисот. Од таа причина, мислам дека да се има мирис кој може да се носи во секое време е добро како и за мажите така и за жените. Мирисот станува дел од вас, од вашето секојдневие, затоа подеднакво важно е и да се има друг, посебен мирис само за специјални прилики.

Има некои нови производи од Mr. Burberry: Балсам за после бричење, пилинг за лице и коса и производи за брада. Дали имате некој омилен од нив?

Мои омилени производи од  Mr. Burberry се пилингот за лице и балзамот за после бричење; тие мирисаат неверојатно, не се премногу силни, само прекрасно го навестуваат мирисот на вашата кожа.

Дали мислите дека британските мажи имаат посебен стил, став и изглед наспроти мажите од други земји – во што мислите дека е разликата? Дали ова исто така се однесува и на вас?

Мислам дека британските мажи не се плашат да бидат тоа што се и да изгледаат како што сакаат да изгледаат. Тие не се премногу сериозни и се изразуваат слободно.Мислам дека тоа го карактеризира нивниот стил. Би сакал да мислам дека ова се однесува и на мене, исто така.

Интервјуто е дел од новата кампања за Mr. Burberry Eau de Parfum

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.