ИНТЕРВЈУ Горан Папаз “Би сакал да соработувам со Стинг”

0

Тој е човек што точно знае како да го насети емотивниот момент на една песна и со секоја нота да допре со публиката. Саксофонот е неговиот инструмент со кој твори и го наоѓа местото на музичката сцена. Кога јавноста ја слушна преработката на Горан Папаз на “Сонце за три света” остана без зборови, а социјалните мрежи беа преплавени со постирање на песната. Повеќе за него и неговата кариера од интервјуто кое следи.

Со музика се занимавате од дете, а саксофонот е Вашиот избор. Како се одлучивте за овој инструмент, постоеше ли опција за некој друг?

– Првиот инструмент кој го изучив потполно сам е тапанот. Во основното музичко училиште го изучував кларинетот, бидејки немаше класа на ударни инструменти, а во средното музичко училиште Илија Николовски Луј (па до денес) сосема случајно започнав со саксофонот… трета среќа. 🙂

375646_4654933705499_296929194_n

Постоеше ли некоја личност во Вашиот живот која ве мотивираше и инспирираше да почнете да се занимавате со музика односно музиката да стане Вашиот живот?

– Да бидам искрен, многу бев мал и не се сеќавам. Благодарен сум на моите што го виделе талентот и ме запишале во музичкото во Охрид. Подоцна откако се оформив како музичар секако дека ми влијаеле светските музичари како Maceo Parker, Charlie Parker, Dave Koz, Kenny G и многу други.

Како изгледаше патот на професионална надградба?

– Доста интересен и не многу трнлив 🙂 Секој музичар од самите почетоци мечтае за концертирање со класична музика, впрочем тоа и се случува во текот на целото образование. Мене ми се случи нешто што ме извлече од класичната музика и ме вметна во покомерцијалните стилови на компонирање и музицирање. Чиста случајност, претпоставувам. Оваа година е значајна за мене бидејки заокружувам 20 години активно музицирање.

3

Вашата прва авторска песна се вика “Разбуди се”. Која е приказната, дали добивте моментална инспирација, ја создадовте или пак чекавте да ‘созрее’ извесен период?

– Темата “Разбуди се” во глава ми звучеше неколку месеци и ме асоцирање на будење. Откако ја изработив, ја чував во компјутер цели 5 месеци, убеден дека е лоша и нема ништо да направи. Претпоставувам не сум верувал доволно во себе тој период. Откако ја пуштив во етер, сè се промени.

Саксофонот се смета за еден од најсензуалните и најемотивни инструменти. Како го доживувате Вие?

– Исто како што го опишавте во прашањево… ќе кажам само дека кога сум тажен ме прави среќен, а кога сум среќен ме прави уште посреќен.

1546248_10204335402359782_7098201348325203213_n

“Сонце за три света” беше Вашата прва обработка на македонска песна, стана апсолутен хит и луѓето ја обожаваа. Зошто се одлучивте токму за неа?

– Бидејки бев и се уште сум убеден дека е една од најубавите љубовни балади направена на овие простори.

Минатата година настапувавте во Лондон. Како се случи настапот?

– Настапот во Лондон беше на покана од македонската асоцијација во В. Британија, одржав едночасовен концерт каде ги промовирав моите авторски нумери и свирев неколку преработки од светски и македонски артисти.

302633_10150448738073478_367134929_n__1468232460_77.29.221.229

Во контекст на претходното прашање, каде се имате настапувано досега надвор од Македонија?

– Најмногу во државите на поранешна Југославија, Хрватска, Србија, Босна од европските држави би ги издвоил Италија, Германија, Чешка, Романија, Франција… да не набројувам по градови, многу се.

Со кој музичар од светски ранг би сакале да соработувате некогаш?

– Со Стинг, и мислам дека ќе ми биде доволно 🙂

10906269_807782382621838_6031531842487681556_n

Ако живеевте на друго место, во друго време, дали пак би ја одбрале оваа професија?

– Сигурен сум, можеби немаше да свирам саксофон бидејки ако сум живеел пред 200 години, саксофонот не бил измислен. Едно е сигурно, ќе бев музичар.

Дали се уште има простор за креирање на македонската музичка сцена?

– Секогаш има простор, креативноста е незапирлива сила која ќе се протнува низ секоја дупка и ќе си ја пронајде светлината на крајот на денот.

2

Последното од Вас е синглот “Ти си насекаде”. Како сте задоволни досега од одзивот на публиката?

– За сега е супер, рано е да се каже дали е успешно или не, за ова прашање ќе добиете целосен одговор на есен 🙂

За крај, која е Вашата омилена активност надвор од музиката?

– Верувале или не почнав да се занимавам со пчеларство. Ново хоби и целосно сум посветен и фокусиран во тие мали инсекти кои се препаметни и многу вредни.

1

Подготви: Билјана Настеска – Каланоска

Фото: Приватна архива

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар