Интернет сајтови кои ќе ви помогнат да научите странски јазик

0

*Duolingo
Оваа апликација би требало да им е позната на сите кои го читаат овој текст. Познат е како најпопуларна апликација за сите на кои странските јазици им се хоби. Тој ќе ви понуди забава, ви овозможува да научите дузина на нови јазици преку вашиот мобилен телефон, и сето тоа е бесплатно.

duolingo

*FluentU
FluentU ќе ви помогне да научите нови јазици преку видео содржина, сортирајќи ги во различни нивоа. Темите може да варираат од тоа како да нарачате во ресторан, слушање музика, филмски цитати и друго.

fluentu

*Rype
Rype го редефинираше традиционалниот модел на учење на странски јазик, преку воведување на приватни видео сесии. По цена помала од цената на едно кафе дневно, ќе имате пристап до безброј еден-на-еден часови со професионален професор, вклучувајќи часови во живо и премиум видео лекции за да ги подобрите вашите јазички вештини.

rype

*Conversation Exchange
Ако имате доволно слободно време, а немате финансиски средства за да работите со професионален професор, тогаш conversation exchanges е можеби правиот избор за вас. Тие ќе ви дозволат да се поврзете со други јазички љубители, кои сакаат да ги вежбаат своите вештини онлајн.

con exch

*Memrise
Кога учите странски јазик, клучот е во добрата меморија. Memorise го прави тој процес поедноставен и полесен. Тој содржи комплет чекори кои ќе ви помогнат полесно да ги запомните посакуваните зборови или концепти.

memrise

*Rosetta Stone
Rosetta Stone постои со децении. Во неколку случаи е критикуван за својата ефикасност од различни јазички експерти и новинари. Но како и да е, тој е сеуште користен од голем број на луѓе кои сакаат да научат нов странски јазик.

roseta

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.