Интернационален детски фестивал „Сонот на облачето“

0

Со претставата „Четири годишни времиња“ на грузискиот државен театар денеска во Младинскиот културен центар почнува Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“.

Фестивалот се одржува по четврти пат и ќе трае до 23 ноември.

Гости на фестивалот, како што информираат организаторите, се театарот „Fostires“ од Грција со претставата „Сенките на Езоп“ и театарот од Шпанија „Teatres de la llum“ со претставата „Бубалки”.

Театарот „Сенки и облаци“ од Македонија во рамки на фестивалот ќе одржи креативна работилница за театар на сенки, каде учесниците ќе се запознаат со изработката на кукли и играта на платно со ликовите од басните на Езоп.

На просторот во фоајето на сцената Фросина за време на фестивалот ќе бидат изложени лампи со сенки, рачно изработени од локални уметници.

Организатор на фестивалот е  здружението „Сенки и облаци“ од Скопје, со поддршка од Министерството за култура, Градот Скопје и Младинскиот културен центар во Скопје.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.