Интересни моменти и факти од историјата на Европското првенство во фудбал

0

Очите на светот се вперени кон натпреварите од петнаесеттото Европско првенство во фудбал кое до десетти јули се игра во Франција. Момците навиваат, кафулињата преполни, секој си има репрезентација за која навива… Во екот на најголемото фудбалско случување за годинава, ве потсетуваме на некои интересени моменти и факти од историјата на ова првенство.

Првите два турнири во 1960 и 1964 година биле познати како Куп на европските нации и ова име е задржано се до 1968-та.

Мишел Платини, кој воопшто не ни играше на позиција напаѓач, за едно првенство (1984 година) успеа да постигне дури 9 погодоци.

Фернандо Торес е единствениот фудбалер кој бил стрелец на две финалиња од европските шампионати (2008 и 2012).

Португалија е единствениот домаќин, кој не успеал да триумфира во финалниот меч. Во 2004 година, Португалците загубија од Грција.

Џетро Вилемс од Холандија е најмладиот фудбалер што настапил на меч од европските шампионати, влегувајќи во игра против Данска на возраст од 18 години и 71 ден. Најмлад стрелец е Швајцарецот Јохан Вонлантен, кој постигна гол на дуелот со Франција на возраст од 18 години и 141 ден.

Белгија (1972), Австрија и Швајцарија (2008) се единствените домаќини на првенството кои не успеале да се пласираат во полуфиналето.

Икер Касиљас има 129 настапи за репрезентацијата на Шпанија и тој е фудбалерот со најмногу мечеви во националниот тим од сите играчи на Европското првенство во Полска и Украина.

Рекордна посета на еден натпревар во историјата на турнирот е забележана во 1968 година, кога квалификацискиот меч меѓу Шкотска и Англија на стадионот Хемпден Парк го следел 130.711 гледачи.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот