Интересни факти кои влијаат дали ќе ве вработат или не

0

Сите имаме формирано мислење дека за да добиеш работна позиција треба да имаш интересно CV и да си добар соговорник за време на интервјуто.

Но, постојат многу други работи што се земаат во предвид кога се работи за одредена работна позиција.

Во една статија објавена на Business Insider се вели:

„Има многу работи кои придонесуваат за формирање на мислењето на другата личност за вас, многубројни детали покрај основните, добро CV и одлично поминато интервју. На пример, сакате да стасате на интервјуто на време или пак порано, но ако стасате многу порано тоа не е добар знак. Времето кога ви е закажано интервјуто исто така влијае на шансите да ја добиете работната позиција. Ако личноста што ви го прави интервјуто разговара со вас на крајот на работните обрски тогаш шансите се огромни да не го добиете целосното внимание“.

Кои се останатите детали кои влијаат на одлуката за добивање на работната позиција според листата на Bussinss Insider, погледнете подолу.

1. Временските услови. Ако денот е тмурен и врнежлив веднаш влијае на психата на луѓето и на тоа дали ќе имате среќа да ја добиете работата;

2. Дали сте дел од долга листа на интервјуа? Обидете се да закажете интервју во ден кога никој друг нема да е интервјуиран освен вас;

3. Покажете сигурност. Ако сте личност што лесно влијае на другите и лесно ги иразува своите способностите, притоа не изгледа нападно, тоа влијае позитивно на личност што ве интервјуира;

4. Што правите додека сте во чекалната? Зборувањето на мобилен телефон е лоша идеја;

5. Како се однесувате со секретарката пред да влезете на местото за интервјуто;

6. Начинот на кои се поздравувате со личноста што ќе ве интервјуира;

7. Дали го прифаќате понуденото кафе? Најдобро е да не прифатите кафе бидејќи, личноста што ве интервјуира ќе треба да го подготви за вас и да ви го намали времето на интервјуирање;

8. Дали сте самобедисани. Ако сте, тогаш и интервјуто ќе биде одлично. Ако вие сте самобендисани тогаш тоа се одразува на формата на која зборувате и начинот на кои се однесувате;

9. Бојата на вашата облека. Најдобро е гардеробата што ќе ја одберете на интервју да биде црна, сива или кафена. Одбегнувате нападни бои;

10. Дали зјапате во вашиот мобилен телефон? Пред да влезете на интервјуто ставете го телефонот во чанта;

11. Седнувате пред да ве поканат. Почекајте додека не седне прво личноста што ќе ве инервјуира. Особено ако сте маж;

12. Креирајте одговори според возраста на личноста што ве интервјуира;

13. Комуникацијата со очи за време на панел интервју. Остварете комуникација со очи на професионално ниво со сите кои се вклучени во дискусијата;

14. Начинот на држење на телото е многу важно;

15. Начинот на кој ги држите рацете;

16. Какви прашања поставувате;

17. Колку компетентно изгледате. Не ја изразувајте премногу вашата самодоверба;

18. Каде сте пораснале;

19. Звукот на вашиот глас;

20. Дали се смеете? Благата насмевка е секогаш клуч до работите;

21. Вашиот акцент;

22. Вашиот изглед;

23. Дали имате пирсови или тетоважи на видливо место;

24. Говорот на телото;

25. Колку сте пријатни;