Интензивна сензуалност и елеганција – Dahlia Divin

0

 

Компанијата Живанши го лансираше третото издание на колекцијата Dahlia Divin, како интензивна варијанта на Dahlia Divin Le Nectar de Parfum, после парфемот од 2014. година и тоалетната вода од 2015. година. Колекцијата ја следи тематиката на мирисната линија Dahlia Noir која на пазарот беше претставена во 2011. година.

Nectar de Parfum претставува луксузна, haute-couture варијанта на мирисот, симбол на женственоста. Мирисната композиција е дело на Франсоа Демаши кој во фокус го стави мирисот на цветовите од мимозата. Нотата на јасмин, присутна во сите Dahlia Divin парфеми е дополнета со сензуалниот и елегантен мирис на роза.

1112

Амбалажата е уникатна како и парфемот: шише од лакирано стакло во златни нијанси, златни конци под капачето и плочка со гравирани букви со името на мирисот.

Светски познатата манекенка Кендис Свенпул е заштитно лице во кампањата за овој парфем и олицетворение на Dahlia Divin жената. Рекламното видео за кампањата е дело на Гордон вон Стејнер, додека визуелната кампања ја потпишува Питер Линдберг.

Овој парфем ќе биде достапен во пакување од 30, 50 и 75мл во продажните места на Anabella Beauty Spot низ земјава.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.