Интелигентните луѓе легнуваат доцна, оставаат хаос и зборуваат гласно

0

Кога бевме деца ако направевме хаос во домот, редовно нè опоменуваа дека тоа е погрешно оти сè треба да биде во совршен ред. Моравме да си легнуваме порано, за да можеме да станеме следниот бидејќи така било правилно. Ова е во ред до одредена возраст од животот.

Но, понатаму во животот на возрасните, не постојат правила бидејќи се менува начинот на живот, а обврските се тие кои го диктираат темпото.

А кој ги поставува правилата?

Ние самите и никој друг. Ние одлучуваме во кој дел од денот сме функционални, кога креативноста е на сила и како може да се искористи. Тоа значи останување до доцна во ноќта кога целиот свет се смирува, тие се будат и тогаш доаѓа инспирацијата за големи работи.

Според некои експерти, луѓето кои си легнуваат доцна во ноќта во најголем дел се интелигентни и креативни.

Паметните луѓе се карактеризираат со способноста да користат богат вокабулар и да го адаптираат во однос  на ситуацијата.

Но, тука постои уште една карактеристика која ја имаат овие луѓе – сакаат да зборуваат гласно и притоа знаат да искористат ‘лош’ јазик односно пцовки.

Иако општото мислење е дека тоа е одлика само на некултурните луѓе со ограничен фонд на зборови – не, ова го можат и паметните кога тоа го налага ситуацијата.

Истражувачи од Америка  спровеле студија каде бил направен експеримент во кој побарале од луѓето да се сетат на сите пцовки што ги знаат. Резултатите биле изненадувачки:

Тие кои користеле најмногу пцовки имале највисок IQ од целата група.

Многу луѓе остануваат до доцна во ноќта да работат и да направат се тоа што во текот на денот не успеале или не сакале. Долго време експертите го изучувале ваквиот феномен и дошле до генерален заклучок  дека тоа е одлика на високо интелигентните и талентирани луѓе.

13989475_10210825888631124_710367984_n

Така што, ако вие сакате да бидете активни кога целит свет спие, во тој случај влегувате во групата на луѓе кои имаат висока интелигенција.

Само за пример, Елвис Присли, Чарлс Дарвин и Винстон Черчил се едни од луѓето кои работеле и креирале само додека другите спијат.

Уште една одлика која била забележана кај интелигентните луѓе е тоа што голем дел од нив сакаат да работат во хаос.

Но, тоа што за другите е хаос за нив е совршен ред.  Тоа се однесува и на ситуација ако нечие работно биро е во целосен хаос од многу мали ливчиња наоколу, тефтери и записници. Но, тоа што е поважно од сликата пред вас е фокусот на тој што работи.

Тоа е неговиот начин на функционирање и така неговиот мозок полесно се фокусира.

Ова е уште еден доказ дека не треба да цените нечија работа според тоа што го гледате, туку според резултатите на крајот на денот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот