Инстаграм срушен од 10 годишно момче

0

10 годишниот Јани од Финска добил 10 000 американски долари откако открил пропуст во сигурноста на популарната социјална мрежа Инстаграм.

Момчето открило дефект кој му овозможил да брише коментари напишани од други корисници, а Фејсбук (кој го поседува Инстраграм) потврдува дека грешката била коригирана веднаш по откривањето.

Кратко потоа на Јани му била извршена исплата, со што станал најмладиот добитник на бонус поврзан со откривање на дефекти од истоимената фирма. Јани недостатокот го открил во февруари и веднаш испратил и-мејл на Фејсбук, а инженерите за безбедност во компанијата направиле тест за да ја докажат теоријата. Момчето било во право.

Прашан на што планира да ги потроши парите, Јани одговорил дека планира да си купи нов велосипед, фудбалска опрема и компјутери за своите браќа.

Фејсбук и претходно се соочувал со проблеми од овој тип бидејќи од 2011 до денес има исплатено околу 4.3 милиони долари за слични исходи.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот