Инспиративна приказна на Тим Бонифејс – лицето на ноемвриското издание на Men's Health

0

Тим Бонифејс е човекот кој победи на натпреварот Ulitmate Men’s Helath Guy на магазинот Men’s Health. Победата е важна сама по себе, но не колку приказната која тој ја раскажува за промената на животот откако после 10 години службеничка кариера во банка решил да ја промени животната цел и приоритети, а тоа е да им помага на луѓето. Оваа промена дошла после нападот на кулите близначки во Њујорк на 11 септември 2001 година. Решил да стане пожарникар. Чековното салдо драстично се намалило, но потребата за помош на другите луѓе била посилна.

„На ова работно место се смеам и сум среќен, плачам како дете и секогаш на крајот на денот сум задоволен“, изјавил тој. „Им се појавувам на луѓето на врата во најлошиот ден од нивниот живот и се обидувам да им олеснам. Спијам многу помирно знаејќи дека им помагам“.

Тој ги мотивира колегите пожарникари да водат здрав живот, да вежбаат и да го зајакнат телото бидејќи професијата е стресна и ги изложува на ризик од срцеви заболувања. Неговата победа ја дожувава токму така – како мотивација за останатите.

На натпреварот, покрај Тим Бонифејс, имало пријавено 800 мажи. Во финалниот круг имало уште четворица други кандидати, но Тим со својата приказна и посветеност ги инспирирал судиите и тие го избрале него за победник.