Инспирација од славните за “Halloween” маски

0

Ноќта помеѓу 31-ви октомври и 1-ви ноември е Ноќта на вештерките или Halloween. На сите нас ни е познат по Американците кои го прославуваат овој ден, излегувајќи од својот дом под креативни маски со цел да се забавуваат, како што правиме и ние за 1-ви април.

Карактеристично за празнувањето на Halloween е и тоа што семејствата длабат тикви во разни облици и со нив го украсуваат целиот дом, а децата, маскирани во вештерки, духови, костури или нешто друго, одат од врата до врата со торба кажувајќи “Trick or treat”. Децата според христијанската традиција, прават нешто слично на Коледе.

Сепак, низ годините, Ноќта на вештерките се пренесе и се обележува во многу земји. Македонија не е никаков исклучок. Веќе неколку години низ македонските локали можете да забележите тематски забави во чест на овој ден.
Доколку сте од оние кои ја прифатиле оваа традиција, во прилог можете да погледнете фотографии од “Halloween” маските на славните личности:

 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.