ИНТЕРВЈУ Дејан Србиновски “Кошарката е мојот живот”

0

Дејан Србиновски е кошаркар кој е дел од тимот на КК “Вардар”. Млад и амбициозен, цели кон иднината и знае што сака од животот. Разговаравме со него за љубовта кон кошарката, за сегашните ангажмани и за иднината.

Дејан како се роди љубовта кон овој спорт?

Кошарката ја засакав уште на рана возраст сосема случајно, кога на еден тренинг на мојот брат, моите родители ме однесоа да гледам. Ја засакав уште на првиот тренинг.

Се сеќаваш ли на првите чекори во кошарката, да искористам ваша терминологија?

Првите чекори во кошарката ги направив во школата за мини баскет “Јуниор” каде ја добив потребната основа за понатамошен правилен развој. Потоа во 2010 година, преминав во друга школа, “Феникс” каде продолжив со тренинзите.

image2

Имаше интерес за друг спорт или кошарката секогаш беше избор број еден?

Немало посериозен интерес за друг спорт, но сум голем љубител на тенисот, а Рожер Федерер ми е омилен тенисер.

Кои скалила мора да се поминат за да се стигне до професионален статус?

Треба да се поминат одредени селекции и одредени возрасни категории на игра за да се дојде до професионлано ниво.Така беше случајот и со мене, посветено работев и тренирав за да стигнам каде што сум и се уште го правам тоа бидејќи сакам да напредувам.

Студираш и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, како успеваш да ги усогласиш академските обврски со професијата?

image3

Неслучајно Факултетот  за физичка култура е мој избор, бидејќи распоредот и професионалните обврски не ми дозволуваат да отсуствувам ниту од тренинг, ниту од натпревар. Но кога се сака, се се може. Јас успевам да стигнам и на двете полиња да бида успешен.

Како ти изгледа еден ден, со оглед на тоа дека тренираш веќе во професионална лига?

Еден ден започнува со утрински тренинг, потоа ги исполнувам обврските на факултет, а втората половина од денот е резервирана за попладневниот тренинг. Навистина е тешко да се усгласат професионланите и приватните обврски, но кога се прави со љубов, се наоѓа и решение. 

Што е со исхраната, дали се држиш до некој конкретен режим?

Исхраната е посебна приказна. Имам посебен режим до кој се придржувам и сум максимално посветен на тоа.

Со оглед на тоа дека си редовен студент на факултет и работиш на кариерата напоредно, како се одмараш, што правиш кога ќе заминеш на одмор?

image1

Кога заминувам на одмор, пробувам да не мислам на кошарка и на факултет, сакам да се опуштам максимлано. Најчесто е невозможно бидејќи кошарката е мојот живот.

Со чија игра растеше, кој ти е омилен кошаркар и тим?

Растев опкружен со кошарка, бидејќи мојот татко е поранешен кошаркарски судија. Растев со играта на Дијамантидис и Јасикевицус, кои воедно ми се и репер за мојата позиција во тимот.

Дали тоа значи дека би сакал да заиграш за нив еден ден?

Би сакал да стигнам на нивото до кое стигнале и тие, а може и повеќе, зошто да не.

Каде се гледаш себеси за 10 години од сега?

За  10 години се гледам во некој стабилен клуб со стабилен договор со веќе оформено семејство.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот